Даито рју Маратон за деца

Posted on Categories Почетна

Во саботата што измина, најмладите членови на нашето доџо од секцијата „Нинџа Клинци“ имаа можност да се запознаат и да ја вежбаат старата самурајска школа Даито рју Аикиџуџтсу.

Нивната радост немаше крај, а особено воодушевување изнудија техниките кои со употреба на мала сила, создаваат ефикасни резултати и контрола кај противникот. Тие едвај чекаа и самите да ги испробаат покажаните кати, иако поради комплексноста на истите, на моменти им одеше доста тешко. Но тоа и не беше толку важно, колку што беа научените животни лекции и прекрасното дружење.

После тренингот, инструкторот Довезенски им одржа и кратко предавање за историјата на оваа школа, а по вкусната и здрава ужинка, беше организирано детско кино со филм со боречка тематика. Ова воедно беше и последен детски маратон во првото полугодие.

На крајот, сакаме да им се заблагодариме на семпаи Таки Гаковски и на кохаи Косара и Ксенија Довезенска околу помошта и грижата кон децата кои учествуваа на настанот.