Првиот Аикиџуџутсу семинар во Хомбу во 2024-та

Posted on Categories Почетна

Никаџо беше темата на првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во Хомбу за 2024та година.

Со скромен почеток, ја обележивме новата Даито сезона во централното Доџо, со верба дека веќе на следниот семинар бројката на учесници ќе се дуплира.

Наскоро ќе го објавиме датумот за следниот настан поврзан со оваа благородна самурајска вештина.

Одржан февруарскиот Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Последниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар за првото полугодие на 2024та година, се одржа во неделата во скопското Корју Доџо на Даито рју Македонија.

Покрај техниките од Иккаџо, на големо изненадување на учесниците, учителот Игор Довезенски ги предаде и првите четири кати од четвртото ниво – Јонкаџо.

Веќе од март, семинарите за Даито рју Аикиџуџутсу се селат во Хомбу Доџото во долината под Липац.

Прв семинар во 2024-та

Posted on Categories Почетна

Во организација на Даито рју Македонија -Корју Доџо, во неделата се одржа четири часовен семинар за аикиџуџутсу. На семинарот учествуваа 10-тина членови на Организацијата „Пат кон Сонцето“ кои неуморно го впиваа знаењето за оваа благородна јапонска самурајска борбена вештина.

Инструкторот Игор Довезенски предаваше техники од третиот каталог на Хиден Мокуроку, при што мора да се признае дека е малку потежок од претходните два.
На крајот, задоволни од наученото, учесниците изјавија дека едвај го чекаат февруарското издание на семинарот.

Учителот Довезенски одржа тренинг-семинар во Нови сад

Posted on Categories Почетна

Учителот и претставникот на Даито рју Аикиџуџутсу за Југоисточна Европа, Игор Довезенски, одржа тренинг-семинар за оваа древна и благородна самурајска вештина во Нови Сад (Република Србија).

Настанот беше организиран од страна на Срџан Црногорац – Црни, долгогодишен пријател на Довезенски, а на него освен членовите на Буџинкан Сатори Доџо, учествуваа и двајца новосадски инструктори за Аикидо.

На крајот, учесниците презадоволни од наученото, изразија желба оваа соработка да продолжи и во иднина.

Одржан последниот Аикиџуџутсу семинар за 2023-та

Posted on Categories Почетна

Во скопското доџо на Даито рју Македонија, вчера се одржа последниот семинар за 2023-та година. Темата беше Иккаџо односно првите триесет кати на Хидден Мокуроку.

На настанот учествуваа десетина членови кои со своето учество оддадоа почит кон школата која ја учиме благодарение на нашиот учител Антонино Черта.

Следниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар ќе се одржи во јануари. Ве очекуваме заедно да уживаме во магичниот свет на древната и благородна самурајска вештина создадена од моќното семејство Такеда.