Даито рју Македонија - Корју Доџо на семинар со шиханот Черта во Бугарија

Posted on Categories Почетна

Членовите на Даито рју Македонија – Корју Доџо, викендов што измина учествуваа на семинар со водачот на Интернационалната Даито Каи организација, предводена од шиханот Антонино Черта.


Настанот беше организиран од страна на Бугарската Аикидо Федерација (БАФ), а на него, покрај нашата делегација, учество земаа неколкумина инструктори од оваа соседна земја.

Покрај учесниците од Македонија, во Софија од Русија допатува и Михаил Кузњецов (II дан), кој заедно со инструкторот Игор Довезенски (II дан), беа во улога на асистенти на мајсторот Черта.

Задоволни од наученото, бугарските домаќини изјавија желба и за понатамошна соработка со организацијата Даито Каи и можно приклучување кон истата во иднина.

Одржан подготвителниот Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Поради учество на нашите Воини на претстојниот семинар со Сенсеи Черта во Софија (Бугарија), вчера во скопското доџо на Даито рју Македонија, се одржа подготвителниот Аикиџуџутсу семинар.

За време на настанот, шидоин Игор Довезенски детаљно ги предаваше и ги објаснуваше техниките од Аики Таисо, а особено внимание им посвети на ударите (Аики Кенпо).

Во вториот дел од семинарот, учесниците ги повторија катите од првиот каталог – Иккаџо.

Што детално ќе се случува за време на меѓународниот семинар со Сенсеи Черта во Бугарија – во следниот Извештај.

Одржан јануарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Првиот Даито рју семинар за 2018-та се одржа завчера во скопското Корју Доџо за Аикиџуџутсу. Групата составена од стандардните членови кои не пропуштаат ниту еден настан поврзан со оваа стара самурајска вештина, повторно ја покажаа својата посветеност на дело.

После три семинари по ред на кои се обработуваа техники од третиот каталог (Санкаџо), овој пат на ред беше Иккаџо односно „враќање“ кон основата. Се вежбаа сите кати од Идори, Ханза Хандачи, Тачи Аи и Уширо Дори.

На крајот од настанот, беше договорено следниот да се одржи за една недела, како подготовка за семинарот што ќе се одржи од страна на нашиот учител Антонино Черта во Софија, а на покана на Бугарската Аикидо Федерација. Секако, ние како негови ученици ќе дадеме се од себе да се покажеме во најдобро светло за време на самиот семинар.

Одржан последниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар за 2017-та

Posted on Categories Почетна

Вчера се одржа последниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар за 2017-та, при што Самураите на Корју Доџо-то имаа можност повторно да ги вежбаат катите од третиот каталог на оваа благородна вештина.

За време на настанот учесниците ги повторија повеќето форми од Идори и од Тачи Аи, а инструкторот Игор Довезенски се потруди да ги објасни сите детаљи поврзани со истите.

Првиот семинар во новата година веќе е закажан, а доколку сакате да земете учество и да ја почуствувате магијата на Аикиџуџутсу, пишете ни навреме на нашиот и-мејл.

Ви посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници!

Одржан ноемврискиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Во Даито рју Македонија – Корју Доџо, предводено од шидоин Игор Довезенски, вчера се одржа редовниот месечен Аикиџуџутсу семинар, овој пат на тема Санкаџо.

Преубава атмосфера на крајот ја дополни фуку-шидоин Марко Опачиќ, кој пред останатите членови изјави:

„За време на денешниот семинар почнавме директно со катите, кои во Санкаџо се многу болни, но и тешки за изведба. Се гледа дека е нешто ново за нас и дека треба премногу тренинг за да го усовршиме и ова ниво. Не ’поминавме’ ниту 15 кати, а времето летна навистина брзо, не се ни забележа. Знам само дека сите уживавме во тренингот.
Техниките се навистина преубави, но како што кажав треба време да се научат. Добро е тоа што Сенсеи ни кажа дека цела зима ќе го усовршуваме ова ниво, со оглед на тоа што во Хомбу оваа година најмногу се фокусиравме на Икаџо и Никаџо.
Ова е навистина добро време да се усоврши Санкаџо (знае Сенсеи што прави). Му благодарам што го одвојува секој викенд за наше усовршување, а знам како се подготвува пред секој семинар и сигурен сум дека има ученици кои навистина го почитуваат тоа“.