Даито рју Аикиџуџутсу семинар со Игор Довезенски

Posted on Categories Почетна

Организацијата за изучување на јапонските класични боречки вештини „Пат кон Сонцето“, новата година ќе ја започне со семинар за Даито рју Аикиџуџутсу.

Оваа стара и благородна вештина, денес е една од најпочитуваните борбени школи во Јапонија. Во Македонија, но и на целата територија на Југоисточна Европа, Даито рју можете да вежбате единствено во доџо-то на Пат кон Сонцето (Корју Доџо).

На семинарот можат да присуствуваат сите членови на нашата организација, но добредојдени се и сите заинтересирани, без разлика на вештината или на стилот. За учесниците од странство, учеството на настанот е бесплатно. 
Тема: Аики Таисо и Иккаџо
Учител: Игор Довезенски, шидоин
Време: 4/5 јануари, 2014 (сабота и недела  од 11:00 – 15:00)
Место: Даито рју Македонија – Корју Доџо
Семинарска такса: 500 денари  
Повеќе информации за Даито рју Аикиџуџутсу ——> тука