Одржан првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во 2020 година

Posted on Categories Почетна

Во неделата во скопското доџо на Даито рју Македонија се одржа првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во 2020 година.

Овој пат, покрај редовните учесници на тренинзите, учество земаа и двајца практиканти на други боречки вештини, кои сакаа да се уверат во ефикасноста на оваа благородна и древна самурајска вештина.

Во февруари закажан е последниот Даито рју Аикиџуџутсу интензивен семинар во Скопје, по што настаните поврзани со оваа вештина ќе се преселат во Хомбу Доџо-то во долината на Липац.

Одржан последниот Аикиџуџутсу семинар за 2019-та година

Posted on Categories Почетна

Вчера го одржавме и последниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар за 2019-та и со тоа успешно ја завршивме и оваа година.

Од јануари, па се до декември, со исклучок на август кога се одржува нашиот „Летен Камп“, во текот на целата година не пропуштивме ниту еден месец без да одржиме интензивен семинар за оваа вештина.

Се надеваме дека следната ќе биде уште поуспешна и дека ќе оствариме нови победи и ќе одговориме на новите предизвици.

Ви посакуваме среќна 2020-та!!!

Одржан ноемврискиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Со завршувањето на летната сезона и затворањето на Хомбу Доџо-то на организацијата „Пат кон Сонцето“, регуларните месечни Даито рју Аикиџуџутсу семинари се селат во скопското доџо.

Во неделата што измина, инструкторот Игор Довезенски го одржа ноемврискиот Аикиџуџутсу семинар на кој се вежбаа техниките од првиот каталог – Иккаџо.

Во наредните недели очекувајте го известувањето за точниот датум на декемврискиот семинар, а дотогаш прочитајте и дознајте нешто повеќе за оваа благородна и стара самурајска вештина.

Одржан октомврискиот Аикиџуџутсу интензивен семинар

Posted on Categories Почетна

Санкаџо односно катите од третото ниво, беше темата на октомврискиот Даито рју Аикиџуџутсу интензивен семинар што се одржа викендов во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

За време на настанот, учесниците под водство на инструкторот Игор Довезенски ги извежбаа сите форми од Идори, Ханза Хандачи, Тачи Аи и Уширо Дори.

Следниот Аикиџуџутсу семинар ќе се одржи на крајот на ноември во скопското доџо во населбата Аеродром.

Одржан првиот Аикиџуџутсу семинар во новото полугодие

Posted on Categories Почетна

Викендов во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“ се одржа првиот интензивен Даито рју Аикиџуџутсу семинар во новото полугодие.

За време на настанот, учесниците ги вежбаа техниките од првиот и од вториот каталог на Хиден Мокуроку, со препознатливата жестина типична на членовите на Корју Доџо-то.

Следниот месец ќе се обработуваат и повторуваат техниките од третиот каталог – Санкаџо.