Даито рју Аикиџуџутсу: Корените на Аикидото

Posted on Categories Почетна

На покана на Македонската Аикидо Федерација – Аикикаи Македонија, учителот Игор Довезенски заедно со претседателот на федерацијата Дамјан Цингарски, одржаа заеднички семинар на тема: Даито рју Аикиџуџутсу – Корените на Аикидото.

Идејата за соработка беше пресликана според концептот на организацијата за Даито рју Аикиџуџутсу (ДаитоКаи), а со цел да не се заборават корените на Аикидото. Вакви соработки редовно се одржуваат во Јапонија, на радост на сите искрени љубители на јапонските боречки вештини.

За време на семинарот, Игор Довезенски ги предаваше оригиналните кати на Даито рју Аикиџуџутсу, додека неговиот колега Цингарски ги демонстрираше техниките кои се произлезени од нив и начинот на кој денес се вежбаат во Аикидо-то.

На настанот учествуваа околу 30-тина учесници од Аикикаи Македонија и од Даито рју Македонија, а атмосферата беше фантастична.

По завршувањето на семинарот, беше договорено оваа соработка да продолжи и во иднина.

Одржан последниот Аикиџуџутсу семинар за 2024-та

Posted on Categories Почетна

Денес се одржа последниот Аикиџуџутсу семинар за 2024-та, на кој учествуваа осуммина членови на Даито рју Македонија, како и двајца на Буџинкан Македонија.

Учителот Игор Довезенски ги предаваше катите од првото ниво (иккаџо) на оваа стара самурајска школа, со цел да го подготви својот ученик Таки Гаковски за полагањето за мајсторско звање, кое набрзо треба да се одржи.

Атмосферата како и секогаш беше прекрасна, а тренингот жесток, како што доликува на Даито рју Аикиџуџутсу.

Јонкаџо семинар во Скопје

Posted on Categories Почетна

Денес во скопското доџо на Даито рју Македонија се одржа првиот Аикиџуџутсу семинар за второто полугодие на 2024-та.

Темата на настанот беше Јонкаџо односно катите од четвртиот каталог на благородната самурајска вештина Даито рју.

Семинарот помина во одлична атмосфера, а учесниците покажаа силна мотивација за време на вежбањето.

Следниот семинар е закажан за 22 декември.

Првиот Аикиџуџутсу семинар во Хомбу во 2024-та

Posted on Categories Почетна

Никаџо беше темата на првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во Хомбу за 2024та година.

Со скромен почеток, ја обележивме новата Даито сезона во централното Доџо, со верба дека веќе на следниот семинар бројката на учесници ќе се дуплира.

Наскоро ќе го објавиме датумот за следниот настан поврзан со оваа благородна самурајска вештина.

Одржан февруарскиот Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Последниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар за првото полугодие на 2024та година, се одржа во неделата во скопското Корју Доџо на Даито рју Македонија.

Покрај техниките од Иккаџо, на големо изненадување на учесниците, учителот Игор Довезенски ги предаде и првите четири кати од четвртото ниво – Јонкаџо.

Веќе од март, семинарите за Даито рју Аикиџуџутсу се селат во Хомбу Доџото во долината под Липац.