Февруарски Аикиџуџутсу семинар во Скопје

Posted on Categories Почетна

Уште еден одличен Даито рју Аикиџуџутсу семинар во Скопје, се одржа денес под водство на учителот Игор Довезенски.

За време на настанот целосно се заврши со второто ниво на вештината, познато под името Иккаџо, а потоа се повторија и неколку кати од Икаџо (првото ниво).

Веќе од март, се отвора сезоната на семинари во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, а токму првиот семинар со кој ќе почне летната сезона ќе биде за Даито рју Аикиџуџутсу.

Се гледаме во Хомбу.