Одржан јануарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Уште еден Аикиџуџутсу семинар кој помина во убава семејна атмосфера е зад нас, а ние секако сме побогати со нови знаења и искуства потребни за усовршување на оваа преубава самурајска борбена традиција.

Повторно место извештај за настанот, се одлучивме да пренесеме дел од чувствата на една од учесничките која ги „истури“ на нашиот интерен Форум.

„Бидејќи поради здраствени причини не бев во можност да учествувам на минатиот дводневен семинар посветен на оваа божествена вештина, си дадов за задача никако да не го пропуштам јануарското издание. А секој Даито рју семинар, си носи по нешто ново и нешто карактеристично. Најпрвин да кажам дека ме израдува присуството на Драгана и на Баки. Потоа бев пресреќна поради одличниот избор на техниките кои Сенсеи вчера ги предаваше, а потоа бидејќи за прв пат имав можност да видам и да вежбам техники од четвртиот каталот (Јонкаџо). Со неверојатната посветеност на Сенсеи и со помошта на постарите Самураи (Марко и Таки) успешно го завршивме и овој семинар. На крајот Баки тивко изусти: ’Ова не е за секого’.
Иако немам големо Корју искуство, сепак можам слободно да кажам дека боречките уметности не се за ’обични смртници’. Потребно е многу повеќе за да го најдеш местото под тоа небо, да го препознаеш Патот и да почнеш да си ја испишуваш својата боречка приказна“ – Елеонора Опачиќ