Во неделата во скопското доџо на Даито рју Македонија се одржа првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во 2020 година.
Овој пат, покрај редовните учесници на тренинзите, учество земаа и двајца практиканти на други боречки вештини, кои сакаа да се уверат во ефикасноста на оваа благородна и древна самурајска вештина.
Во февруари закажан е последниот Даито рју Аикиџуџутсу интензивен семинар во Скопје, по што настаните поврзани со оваа вештина ќе се преселат во Хомбу Доџо-то во долината на Липац.