Во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“, денес се одржа редовниот месечен семинар за Даито рју Аикиџуџутсу под водство на учителот Игор Довезенски. Темата на семинарот беше првиот принцип на школата – Иккаџо.
Присутните ученици имаа можност детално да се запознаат со техниките и принципите поврзани со катите на школата, преку практична работа и објаснувања од Учителот.
Семинарот помина во духот на традицијата и со искрена посветеност на сите учесници.