Одржан декемврискиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Во скопското Доџо на Даито рју Македонија, во неделата што измина, се одржа декемврискиот Аикиџуџутсу семинар, наменет за учениците на оваа вештина.

Учителот Игор Довезенски предаваше техники од Иккаџо и Никаџо, а учесниците со огромен интерес ги вежбаа катите од оваа благородна самурајска школа.

Следниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар ќе се одржи во втората половина на јануари, 2026 година.