По долго и тешко боледување, на 20 ноември, 2013 година, почина учителот Като Шигемитсу. Тој беше еден од најстарите ученици на покојниот соке Токимуне Такеда и беше заслужен што Хомбу Доџо-то во Абашири продолжи со работа по неговата смрт.
Инаку, сенсеи Шигемитсу беше личен учител на сенсеи Антонино Черта и благодарение на него односно на неговата сугестија и желба, во 2006 година беше создадена организацијата European Daito Kai, со цел да се пренесува знаењето од Даито рју Аикиџуџутсу на начин како што отсекогаш се вежбало во кланот Аизу / Такеда.
Како директни наследници на неговото учење, сакаме да изразиме сочуство до неговото семејство, а воедно да порачаме дека неговиот лик и дело нема никогаш да бидат заборавени.
За овој тажен настан, сенсеи Черта кажа: „Сега мојот учител повторно вежба со неговиот учител (Токимуне сенсеи). Се додека вежбаме на ист начин како што вежбаа тие, нивните дела ќе живеат вечно“.