Викендов што измина, во Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување на јапонски традиционални боречки вештини – Пат кон Сонцето, се одржа интензивен викенд семинар под водство на Игор Довезенски (шидоин).
На семинарот се вежбаа катите од првиот сет на Хиден Мокуроку (иккаџо), како и стоечките техники (тачи аи) од вториот сет познат како Никкаџо. На настанот учество земаа неколку членови од Даито рју Македонија – Корју Доџо, кои под водство на инструкторот Довезенски без престан ги увежбуваа техниките на оваа древна јапонска самурајска школа.
Во октомври, нашиот учител, шиханот Антонино Черта, повторно ќе не посети и ќе ни ги предаде катите од третото ниво односно Санкаџо, така што овој семинар послужи како мала подготовка пред големиот настан што наскоро ќе се одржи.