„Даито рју Македонија – Корју Доџо“, организира зимски интензивен семинар за Даито рју Аикиџуџутсу во траење од 24 часа, што ќе се одржи во текот на месеците ноември и декември. На семинарот можат да учествуваат сите членови на Организацијата за изучување на традиционални јапонски боречки вештини „Пат кон Сонцето“, но и сите останати заинтересирани граѓани, без разлика на нивното претходно искуство или стил.
За време на настанот, учесниците ќе ги вежбаат основните техники на оваа стара и благородна јапонска вештина, како и катите од нивото иккаџо (првиот каталог). Тренингот ќе се одвива според методологијата на нашиот учител, шиханот Антонино Черта, а на начин како што тој ја изучувал вештината за време на неговите престои во Даитокан (Абашири, Јапонија).
Учител: Игор Довезенски, шидоин
Време: 23/30 ноември и 7/14/21 декември (односно пет последователни недели од 11:00 до 15:00 часот). На 28 декември, учениците кои имаат желба, ќе добијат бесплатен слободен термин од четири саати, со цел да ги повторат катите потребни за полагањето кое ќе се одржи истиот ден со почеток во 17.00 часот.
Место: Даито рју Македонија – Корју Доџо (Скопје)
Повеќе информации за Даито рју Аикиџуџутсу ——>https://daito.koryu.mk/article/category/daito
Ве молиме доколку имате било какви прашања поврзани со интензивниот семинар, да се јавите на нашиот телефон 077 976 906 или да ни пишете на нашиот и-мејл: daito_macedonia@yahoo.com