Викендов што измина, беше резервиран за вештината Даито рју Аикиџуџутсу, а инструкторот Игор Довезенски ги предаваше катите од првиот каталог на вештината, познат под името – Иккаџо. Семинарот се одржа во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“, а на него присуствуваа тројца ученици на Даито рју Македонија – Корју Доџо.
Во саботата, Довезенски ги предаваше основните техники на удирање, блокирање и движење на телото (Аики Таисо), а потоа продолжи со катите од Идори и Тачи Аи.
Следниот ден, откако учесниците ги повторија научените техники, се продолжи со предавање на катите од Ханза Хандачи.
Следниот ден, откако учесниците ги повторија научените техники, се продолжи со предавање на катите од Ханза Хандачи.
Како што е веќе познато, инструкторот Довезенски еднаш месечно организира викенд-семинар во Хомбу Доџо-то, каде што подучува мала група ученици на кои детално им ги објаснува техниките на оваа благородна и ефикасна самурајска школа, која во минатото била вистинско нематријално богатство на моќниот јапонски клан Такеда.