Во фантастична атмосфера проследена со динамичен тренинг и прекрасно дружење, заврши седмиот по ред семинар насловен како „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“. Веднаш по завршувањето, учесниците ги споделија своите импресии на Форум-от на Организацијата „Пат кон Сонцето“, па затоа пренесуваме мал дел од нив, наместо класичен Извештај.
Ќе започнеме со Стефани Маневска, најновиот член на Даито рју Македонија – Корју Доџо, која за прв пат учествуваше на семинар во природа:
„Зарем е веќе понеделник? Зарем поминаа овие два дена? После толку поминати семинари, тренинзи и други настани, вакви два дена, иако беа посебни, поминуваат како секојдневие. Искачувањето прекрасно, тренингот прекрасен, дружбата прекрасна, луѓето прекрасни, гравот прекрасен, после гравот… А колку е неверојатна оваа школа тоа е навистина чудно. Како е можно толку брзо да ти се врати тоа што си го вежбал пред точно една година. И чудно е како може да киснеш на врв на една мистична планина, а при тоа да седиш спокојно и да се смееш. Може, затоа што киснеш со луѓето што ги сакаш. А ако наредната година повторно се одлучиме да одиме низ непознатото, тогаш да ја оставиме мачетата и подобро да си понесеме моторна пила и тример. Дојдовме петнаесет, а се вративме шеснаесет. Планината не даруваше со еден другар. А чувството кога ќе се вратиш назад во Хомбу и кога ќе го симнеш претешкиот ранец од грб – непроценливо! Сепак на крајот може да се заклучи и да се види колку животот е селективен кон луѓето. Некои мора да седат дома или да одат на летувања, а некои ќе уживаат во тренингот во природа“. – Тодор Ангеловски
„Каков семинар беше ова. Не го зборуваат толку многу за бадијала. Ова ми беше прво учество на „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“ и искуството беше незаборавно. Патот до манастирот беше доживување само по себе, со преубава природа од сите страни. Оно ха Итто рју е моќна самурајска вештина, но тоа е се што засега можам да напишам за неа. Тоа што сфатив е дека имам уште многу долг пат за одење. Дождот на Липац беше краток, ама силен при што не направи ’жива вода’. Сенсеи заклучи дека мора да изведеме тактичо повлекување. Тргнавме по непознатиот пат, а тоа не можам да го опишам, мора да се доживее. Се пробивавме чекор по чекор низ густата шума односно сенсеи се пробиваше, а ние следевме и гледавме да не загинеме“. – Дамјан Серафимовски
По завршувањето на семинарот можевме да се спуштиме многу брзо и лесно по едно од двете патчиња низ кои јас се симнувам речиси секоја недела додека крстосувам низ сртот на Липац. Меѓутоа, како ќе ги откријам слабостите кај моите ученици доколку ги поведам по лесниот Пат? Како ќе ги соочам со своите стравови, со својата несигурност, со својата неодлучност? Како ќе создадам добри воини од нив?
Не очекувајте, се додека учите од мене, дека ќе одите по краткиот пат. Тој пат на крајот секогаш се губи во лавиринтите на лагите и на илузиите. Долгиот пат е макотрпен, но на крајот секогаш ќе ве соочи со вистината. Ќе имате корист од Вашето искуство изградено додека сте се обидувале да се пробиете низ тешкотиите кои се појавиле пред Вас. Јас поминав илјадници километри и знам точно за што зборувам. Останува на Вас да ја отворите вратата и храбро да влезете низ неа“. – Игор Довезенски