По едномесечната летна пауза, Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ повторно ја отвори вратата за членовите на Даито рју Македонија.
Така, викендов што измина, беше резервиран за дводневниот интензивен семинар што учениците на Корју Доџо-то редовно го одржуваат секој трет викенд во месецот. За време на настанот, учесниците ги вежбаа катите од првиот и од вториот каталог (Икаџо и Никаџо).
Како и секогаш, на секој семинар се посветува посебно внимание на некои од техниките од богатиот курикулум на Даито рју Аикиџуџутсу, па така овој пат најмногу детаљи беа разработени за Аики но Кенпо односно на ударите и блоковите кои служат за напад и за одбрана.
Следниот интензивен семинар во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“ ќе се одржи на 22-23 октомври, а воедно тој ќе биде последен за оваа година под долината на планината Липац. Следните интензивни семинари на ова место ќе започнат повторно во март, 2017 година.