Во одлична атмосфера исполнета со многу силен тренинг и прекрасно дружење, заврши и мартовскиот семинар за Даито рју Аикиџуџутсу.
За време на настанот, инструкторот Довезенски ги предаваше катите од првиот и од вториот каталог: Иккаџо / Никаџо.
Некои од техниките беа предадени до најситни детаљи, при што беше објаснувано и за околностите и причините за нивното настанување. Неколку кати беа демонстрирани со користење на кодачи (краток меч), а со цел учесниците подобро да ги разберат истите.
Следниот интензивен семинар за Даито рју Аикиџуџутсу веќе е договорен за во април, така што можете уште отсега да го заокружите во календарот.