Заврши јануарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Второто ниво на Даито рју Аикиџуџутсу односно Никаџо беше темата за редовниот месечен семинар на оваа благородна самурајска школа.

Настанот се одржа во скопското Доџо на Даито рју Македонија, а на истиот учествуваа неколкумина членови на организацијата „Пат кон Сонцето“.

Следниот редовен Даито рју семинар ќе се одржи на 15 февруари.

Одржан декемврискиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Во скопското Доџо на Даито рју Македонија, во неделата што измина, се одржа декемврискиот Аикиџуџутсу семинар, наменет за учениците на оваа вештина.

Учителот Игор Довезенски предаваше техники од Иккаџо и Никаџо, а учесниците со огромен интерес ги вежбаа катите од оваа благородна самурајска школа.

Следниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар ќе се одржи во втората половина на јануари, 2026 година.

Неделен Аикиџуџутсу семинар во Скопје

Posted on Categories Почетна

Вчера се одржа редовниот ноемвриски редовен семинар за Даито рју Аикиџутсу во Скопје.

На настанот учествуваа неколкумина членови на Даито рју Македонија – Корју Доџо, а се обработуваше темата Иккаџо.

Следниот семинар за оваа благородна самурајска школа ќе биде на крајот на месецот.

Одржан јунскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“,  денес се одржа редовниот месечен семинар за Даито рју Аикиџуџутсу под водство на учителот Игор Довезенски. Темата на семинарот беше првиот принцип на школата – Иккаџо.

Присутните ученици имаа можност детално да се запознаат со техниките и принципите поврзани со катите на школата,  преку практична работа и објаснувања од Учителот.

Семинарот помина во духот на традицијата и со искрена посветеност на сите учесници.

Одржан мартовскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар и полагањето за нов Јуданша

Posted on Categories Почетна

Во скопското Доџо на Даито рју Македонија, денес се одржа мартовскиот семинар за Аикиџуџутсу, при што учителот Игор Довезенски го предаваше второто ниво на школата односно каталогот Никаџо.

По завршувањето на настанот, се одржа и полагање за Шодан (1 Дан) при што нашето Доџо доби нов носител на мајсторско звање (Јуданша). Станува збор за Таки Гаковски, кој освен во Нинџутсу, стана мајстор и за Даито рју Аикиџуџутсу, а со тоа и еден од ретките Македонци кои се мајстори за две традиционални јапонски школи за боречки вештини.

Му честитаме и му посакуваме многу успех во иднина.