По завршувањето на летната сезона на семинари во Хомбуто на Организацијата „Пат кон Сонцето“, единственото македонско Доџо за Даито рју Аикиџуџутсу ги започна зимските семинари кои традиционално секоја година се одржуваат во Скопје во текот на ноември, декември, јануари и феврурари.
Неомврискиот семинар привлече десетина членови на Даито рју Македонија – Корју Доџо, кои во неделата што измина ги вежбаа катите од второто ниво на оваа благородна јапонска самурајска школа.
На крајот од настанот, сите учесници изјавија дека со нетрпение го очекуваат следниот Даито рју семинар, кој ќе се одржи на средината на декември.