Во неверојатна атмосфера, завчера во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“, се одржа првиот интензивен семинар во 2018-та година.
Уште на самиот почеток, кај учесниците беше забележлива желбата за вежбање на катите на Даито рју Аикиџуџутсу, која како што одминуваше времето, се повеќе и повеќе се зголемуваше.
За време на двата дена, членовите на Корју Доџо-то успеава да ги повторат сите кати од првиот и од вториот каталог на Хиден Мокуроку, а при крајот беа извежбани и неколку кати од третиот свиток (санкаџо).
Следниот интензивен семинар во Хомбу ќе се одржи на 21-22 април, за кога е закажано и вонредното полагање за двајца ученици од доџо-то.