Членовите на Даито рју Македонија – Корју Доџо, викендов што измина учествуваа на семинар со водачот на Интернационалната Даито Каи организација, предводена од шиханот Антонино Черта.
Настанот беше организиран од страна на Бугарската Аикидо Федерација (БАФ), а на него, покрај нашата делегација, учество земаа неколкумина инструктори од оваа соседна земја.
Покрај учесниците од Македонија, во Софија од Русија допатува и Михаил Кузњецов (II дан), кој заедно со инструкторот Игор Довезенски (II дан), беа во улога на асистенти на мајсторот Черта.
Задоволни од наученото, бугарските домаќини изјавија желба и за понатамошна соработка со организацијата Даито Каи и можно приклучување кон истата во иднина.