Одличен семинар за Даито рју Аикиџуџутсу беше одржан викендов во скопското Доџо на Организацијата „Пат кон Сонцето“.
Под водство на учителот Игор Довезенски, околу дваесетина учесници цели четири саати неуморно вежбаа кати од првите три каталози на Хиден Мокуроку.
На настанот покрај членовите на Даито рју Македонија и Буџинкан Македонија, учество земаа и двајца инструктори на најстариот македонски клуб за Аикидо, како и еден мајстор за карате и еден натпреварувач во Бразилско Џуџутсу.
Веќе од март, тренизните за Даито рју Аикиџуџутсу се селат во нашето Хомбу Доџо, во долината на планината Липац, па сите заинтересирани ќе можат да дојдат таму и да уживаат во техниките на оваа благородна самурајска вештина.