Доколку временските услови се расипат, што е сосема нормално со доаѓањето на есента и приближувањето на зимата, тогаш овој октомвриски Аикиџуџутсу семинар беше последен во Хомбу за оваа година. Од следниот месец, интензивните тренинзи ќе продолжат во скопското Доџо на Даито рју Македонија.
Како и сите претходни, така и овој настан што се одржа минатата недела во централното Доџо остави силен белег меѓу учесниците, кои се потсетија зошто претставува огромна чест да се вежба и да се биде дел од оваа древна самурајска боречка вештина.