Во одлична атмосфера исполнета со неверојатен тренинг и фантастична дружба меѓу членовите на клубот, се одржа септемврискиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар.
За време на двата дена, учителот Игор Довезенски ги предаваше катите од првото и второто ниво – Иккаџо и Никаџо. Напредокот во совладувањето на техниките беше видлив кај сите учесници на настанот.
Радува фактот што оваа древна самурајска вештина, која на Македонскиот полуостров може да се изучува само преку Организацијата „Пат кон Сонцето“ (во чиј состав е Даито рју Македонија Корју Доџо), буди се поголем интерес и кај младите членови на Буџинкан Македонија.
Следниот есенски Аикиџуџутсу семинар е закажан за октомври.