Одржан ноемврискиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Денес во скопското Доџо беше реализиран ноемврискиот семинар посветен на изучувањето на традиционалната јапонска боречка вештина Даито рју Аикиџутсу.

На настанот присуствуваа повеќе практиканти од Даито рју Македонија – Корју Доџо, како и членови на Организацијата “Пат кон Сонцето“, кои имаа можност да ги продлабочат своите знаења преку изучување на техниките од Иккаџо.

Наредното дружење и усовршување во рамките на оваа древна самурајска традиција е предвидено за последните денови од декември.