Во организација на Корју Доџо-то на Даито рју Македонија, во неделата се одржа четири часовен мини семинар за аикиџуџутсу. На семинарот присуствуваа 10-тина членови на Организацијата „Пат кон Сонцето“ кои неуморно го впиваа знаењето за оваа благородна јапонска самурајска борбена вештина.
Инструкторот Игор Довезенски предаваше техники од првиот каталог на првото ниво (иккаџо), но овој пат на малку поинаков начин. Имено, секоја од катите беше најпрвин предадена и вежбана во нејзината оригинална форма, за потоа истата се изведуваше со различен напад од страна на противникот. Овој начин придонесе учесниците да согледат една поинаква перспектива на вештината, а истовремено подлабоко да ја разберат суштината на самата техника.
На крајот, беше договорено да се одржат уште неколку вакви неделни мини-семинари до крајот на годинава.