Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ беше местото каде што во одлична атмосфера се одржа јунскиот семинар за Даито рју Аикиџуџутсу.
До текот на двата дена, под будното око на инструкторот Довезенски, учесниците за прв пат ги вежбаа катите од третото ниво – Санкаџо. Нивната комплексност допринесе тренингот да помине во не толку динамична атмосфера како што речиси секогаш е случај за време на интензивните семинари. Наместо тоа, членовите на Корју Доџо-то внимателно се трудеа да ги копираат и да ги разберат движењета на својот учител.
Беше договорено и следниот месец односно во јули, повторно да се повторат истите кати, со цел подобро да се научат.