Преубавиот есенски и сончев викенд само ја дополни идиличната слика за време на одржувањето на последниот интензивен Даито рју Аикиџуџутсу семинар во Хомбу Доџо-то за 2017-та година.
Учесниците на настанот повторно имаа можност да ги вежбат преубавите кати од вториот каталог познат под името Никкаџо.
Инструкторот Довезенски се трудеше на сите да им пренесе колку што е можно повеќе знаење од овие древни техники користени од страна на моќниот самурајски клан Аизу / Такеда. Секоја ката беше детално објаснета, а најпрвин беа покажани во полна брзина, за потоа да се објаснат и најситните детаљи од истата.
Инаку, секоја година за време на последниот викенд во октомври се одржува последниот интензивен семинар во Хомбу-то, по што следува четиримесечна пауза односно дополнителните настани се префрлуваат во доџото во Скопје.