Првиот Даито рју семинар за 2018-та се одржа завчера во скопското Корју Доџо за Аикиџуџутсу. Групата составена од стандардните членови кои не пропуштаат ниту еден настан поврзан со оваа стара самурајска вештина, повторно ја покажаа својата посветеност на дело.
После три семинари по ред на кои се обработуваа техники од третиот каталог (Санкаџо), овој пат на ред беше Иккаџо односно „враќање“ кон основата. Се вежбаа сите кати од Идори, Ханза Хандачи, Тачи Аи и Уширо Дори.
На крајот од настанот, беше договорено следниот да се одржи за една недела, како подготовка за семинарот што ќе се одржи од страна на нашиот учител Антонино Черта во Софија, а на покана на Бугарската Аикидо Федерација. Секако, ние како негови ученици ќе дадеме се од себе да се покажеме во најдобро светло за време на самиот семинар.