Поради учество на нашите Воини на претстојниот семинар со Сенсеи Черта во Софија (Бугарија), вчера во скопското доџо на Даито рју Македонија, се одржа подготвителниот Аикиџуџутсу семинар.
За време на настанот, шидоин Игор Довезенски детаљно ги предаваше и ги објаснуваше техниките од Аики Таисо, а особено внимание им посвети на ударите (Аики Кенпо).
Во вториот дел од семинарот, учесниците ги повторија катите од првиот каталог – Иккаџо.
Што детално ќе се случува за време на меѓународниот семинар со Сенсеи Черта во Бугарија – во следниот Извештај.