Заврши септемврискиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Во одлична атмосфера исполнета со неверојатен тренинг и фантастична дружба меѓу членовите на клубот, се одржа септемврискиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар.

За време на двата дена, учителот Игор Довезенски ги предаваше катите од првото и второто ниво – Иккаџо и Никаџо. Напредокот во совладувањето на техниките беше видлив кај сите учесници на настанот.

Радува фактот што оваа древна самурајска вештина, која на Македонскиот полуостров може да се изучува само преку Организацијата „Пат кон Сонцето“ (во чиј состав е Даито рју Македонија Корју Доџо), буди се поголем интерес и кај младите членови на Буџинкан Македонија.

Следниот есенски Аикиџуџутсу семинар е закажан за октомври.

Се одржа мајскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Мајскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар се одржа во саботата во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“.
Покрај членовите на Корју Доџото на Даито рју Македонија, учество земаа и неколкумина членови на Буџинкан Македонија.

На семинарот се вежбаа катите од второто ниво (Никаџо), а учителот Довезенски сподели некои ситни детаљи, со цел да се подобри техниката на учениците.

Присутните како и секогаш беа воодушевени од техниките на оваа стара и благородна самурајска традиција.

Одржан априлскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Априлскиот Даито рју Аикиџуџутсу помина во одлична атмосфера со учесници од Македонија и Србија, со што семинарот се здоби со меѓународен карактер.

На настанот се вежбаа кати од првиот каталог, познат како Иккаџо, а намерата беше гостинката од Србија да се запознае со техниките на оваа благородна самурајска школа.

За одржувањето на следниот Аикиџуџутсу семинар, ќе објавиме наскоро. Останете подготвени.

Одржан мартовскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Новата сезона во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“ почна со семинар за Даито рју Аикиџуџутсу. Настанот се одржа во саботата, а на него учествуваа осуммина членови.

Учителот Довезенски како за почеток ги одбра катите од третиот каталог познат под името Санкаџо. Инаку ова ниво е познато по својата комплексност, меѓутоа сите учесници многу добро се адаптираа и се покажаа за време на тренингот.

Во текот на денот, слободното време целосно се посвети на изградба на патеките со камчиња кои минуваат низ јапонската зен градина, која се наоѓа во дворот на нашето Хомбу Доџо.

Одржан февруарскиот Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Одличен семинар за Даито рју Аикиџуџутсу беше одржан викендов во скопското Доџо на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

Под водство на учителот Игор Довезенски, околу дваесетина учесници цели четири саати неуморно вежбаа кати од првите три каталози на Хиден Мокуроку.

На настанот покрај членовите на Даито рју Македонија и Буџинкан Македонија, учество земаа и двајца инструктори на најстариот македонски клуб за Аикидо, како и еден мајстор за карате и еден натпреварувач во Бразилско Џуџутсу.

Веќе од март, тренизните за Даито рју Аикиџуџутсу се селат во нашето Хомбу Доџо, во долината на планината Липац, па сите заинтересирани ќе можат да дојдат таму и да уживаат во техниките на оваа благородна самурајска вештина.