Одржан априлскиот Аикиџуџутсу интензивен семинар

Posted on Categories Почетна

Уште едно Даито рју Аикиџуџутсу интензивно откостување се случи викендов во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“.

Саботата беше посветена на повторување и проучување на катите од вториот, додека неделата беше резервирана за катите од третиот каталог на Хиден Мокуроку.

Да не должиме непотребно, се што треба да кажеме за овој семинар и за оваа вештина е дека со нетрпение го очекуваме мајското издание.

Даито рју Маратон за деца

Posted on Categories Почетна

Во саботата што измина, најмладите членови на нашето доџо од секцијата „Нинџа Клинци“ имаа можност да се запознаат и да ја вежбаат старата самурајска школа Даито рју Аикиџуџтсу.

Нивната радост немаше крај, а особено воодушевување изнудија техниките кои со употреба на мала сила, создаваат ефикасни резултати и контрола кај противникот. Тие едвај чекаа и самите да ги испробаат покажаните кати, иако поради комплексноста на истите, на моменти им одеше доста тешко. Но тоа и не беше толку важно, колку што беа научените животни лекции и прекрасното дружење.

После тренингот, инструкторот Довезенски им одржа и кратко предавање за историјата на оваа школа, а по вкусната и здрава ужинка, беше организирано детско кино со филм со боречка тематика. Ова воедно беше и последен детски маратон во првото полугодие.

На крајот, сакаме да им се заблагодариме на семпаи Таки Гаковски и на кохаи Косара и Ксенија Довезенска околу помошта и грижата кон децата кои учествуваа на настанот.

Одржан и февруарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Вчера во скопското доџо се одржа и февруарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар, со што се затвори зимската сезона на семинари во Скопје. И овој настан собра десетина членови на

Организацијата „Пат кон Сонцето“ како и на Корју Доџо-то, кое е единственото доџо за Даито рју Аикиџуџутсу во Македонија и на Балканот.

За време на вчерашниот тренинг, еден од учениците го запраша учителот Довезенски, како би можел да ја опише оваа самурајска вештина со неколку зборови. На тоа, инструкторот одговори:
-Ако Нинџутсу (за мене) преставува живот, Аикиџуџутсу е чиста радост.

Веќе од март, продолжуваат интензивните семинари во нашето Хомбу Доџо, лоцирано во долината под падините на Липац.

Одржан јануарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Уште еден Аикиџуџутсу семинар кој помина во убава семејна атмосфера е зад нас, а ние секако сме побогати со нови знаења и искуства потребни за усовршување на оваа преубава самурајска борбена традиција.

Повторно место извештај за настанот, се одлучивме да пренесеме дел од чувствата на една од учесничките која ги „истури“ на нашиот интерен Форум.

„Бидејќи поради здраствени причини не бев во можност да учествувам на минатиот дводневен семинар посветен на оваа божествена вештина, си дадов за задача никако да не го пропуштам јануарското издание. А секој Даито рју семинар, си носи по нешто ново и нешто карактеристично. Најпрвин да кажам дека ме израдува присуството на Драгана и на Баки. Потоа бев пресреќна поради одличниот избор на техниките кои Сенсеи вчера ги предаваше, а потоа бидејќи за прв пат имав можност да видам и да вежбам техники од четвртиот каталот (Јонкаџо). Со неверојатната посветеност на Сенсеи и со помошта на постарите Самураи (Марко и Таки) успешно го завршивме и овој семинар. На крајот Баки тивко изусти: ’Ова не е за секого’.
Иако немам големо Корју искуство, сепак можам слободно да кажам дека боречките уметности не се за ’обични смртници’. Потребно е многу повеќе за да го најдеш местото под тоа небо, да го препознаеш Патот и да почнеш да си ја испишуваш својата боречка приказна“ – Елеонора Опачиќ

Одржан последниот Аикиџуџутсу семинар за 2018-та

Posted on Categories Почетна

Скромно и со помала бројка од вообичајната, се одржа и последниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар за 2018-та година.

Во саботата, инструкторот Игор Довезенски предаваше кати од вториот (Никаџо), додека во неделата од првиот каталог (Иккаџо) на Хиден Мокуроку.

Во следната година ветуваме уште посилни тренинзи и уште поголема посветеност кон оваа стара самурајска традиција.

Ви посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници.