Одржан првиот Аикиџуџутсу семинар во новото полугодие

Posted on Categories Почетна

Викендов во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“ се одржа првиот интензивен Даито рју Аикиџуџутсу семинар во новото полугодие.

За време на настанот, учесниците ги вежбаа техниките од првиот и од вториот каталог на Хиден Мокуроку, со препознатливата жестина типична на членовите на Корју Доџо-то.

Следниот месец ќе се обработуваат и повторуваат техниките од третиот каталог – Санкаџо.

Одржан последниот Аикиџуџутсу семинар за првото полугодие

Posted on Categories Почетна

Викендов што измина, во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“ се одржа последниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар за првото полугодие на 2019-та година.

Како што секогаш се случува на овие семинари во централното доџо, тренингот беше жесток и исцрпувачки, но токму тоа е карактесристиката на оваа школа и на начинот како таа се вежба во Даито рју Македонија.

Со несмален изнензитет, ќе продолжиме од септември, кога ќе биде закажан првиот Аикиџуџутсу семинар за второто полугодие.

Одржан претпоследниот Аикиџуџутсу семинар во првото полугодие

Posted on Categories Почетна

Викендов во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ се одржа претпоследниот Аикиџуџутсу семинар во првото полугодие на 2019-та.

Во текот на двата дена, учесниците од Корју Доџо-то на Даито рју Македонија ги повторија сите кати од првото (Иккаџо) и второто (Никаџо) ниво на Хиден Мокуроку.

Тренингот, како и секогаш кога станува збор за интензивните Даито рју Аикиџуџутсу семинари, беше жесток, напорен и динамичен, а членовите на доџото ниту еднаш не се пожалија на замор или на болка.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават за учество на последниот Аикиџуџутсу настан за првото полугодие, а кој ќе се одржи на 6 и 7 јули.

Заврши десетото јубилејно издание на семинарот „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“

Posted on Categories Почетна

Во дворот на средновековниот Бељаковски Манастир сместен во прегратките на планината Липац, викенов што измина се одржа десетиот по ред „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“.

Овој традиционален семинар што секоја година се одржува во чест на нашиот учител за Даито рју Аикиџуџутсу – Антонино Черта, оваа година привлече 12 учесници кои неуморно во текот на двата дена ги вежбаа техниките на школата Оно ха Итто рју Кенџутсу Такеда-ден.

По завршувањето на семинарот, семпаи Таки Гаковски ги сподели своите импресии на нашиот интерен Форум, а ние Ви споделуваме само дел од нив.

„Ова беше уште еден фантастичен семинар за Оно ха Итто рју Кенџутсу Такеда-ден. Морам да признам дека премногу ми недостигаше. Бељаковскиот манастир отсекогаш воодушевувал со својата убавина. Најпрвин сакам да ги пофалам помладите. Со штотуку наполнети 9 години, Петар без никаков проблем вежбаше под жешкото сонце и се движеше по ридовите и планините. Како единствен претставник на девојките од нашето доџо, Косара воински ја одбрани честа на припадничките на поубавиот пол. Давор и Цаци како веќе искусни млади Воини секоја година се се подобри и подобри. Ќе ги споменам и членовите на почетничката група – Ведран, Владо и Никола кои максимално се трудеа и вежбаа со желба да научат нешто ново.

Тренингот како и секогаш беше на високо ниво. Овој семинар е еден од тие на кои се челичи воинскиот дух. Постојано ми се вртат сликите пред очи од сите случки и тренинзи кои ги имавме во текот на двата дена. Спиењето во конаците на старото светилиште, отворањето на деншото пред олтарот во црквата. Заедничката вечера со соборците. Сето ова уште повеќе ме мотивира да нурнам уште подлабоко во светот на Корју.
Сакам да споделам и дека најдобрата стража досега ми се случи токму на овој семинар. Кога се разбудив бев полн со живот, а кога излегов надвор веќе беше разденето. Времето ми помина многу брзо бидејќи уживав.
Морам да споменам дека многу ми беше криво што семпаи Михаил мораше порано да си замине поради работни обврски. Мислам дека тој е еден од најпочитуваните и најсаканите Воини во нашето доџо.
Тренингот на врвот на Липац што се одржа во неделата беше исто како на самурајски филм. Сонце, облаци, сино небо, ветер, киаи, звукот на бокените кои жестоко удираат еден во друг. И ние меѓу сета таа убавина. Штета би било да не го споменам и прекрасниот мирис на билките на Липац. Како и семејната хармонија што владее меѓу членовите на доџото.

Напишав малку, а доживеав толку многу што е тешко да го опишам со зборови. А најважно од се, е што семинарот ќе ја продолжи својата традиција и следната година. Не смееме да дозволиме да згасне ваков неверојатен воински семинар“.

Одржани мајскиот Аикиџуџутсу семинар и вонредното полагање за ученички степен

Posted on Categories Почетна

За време на интензивниот Аикиџуџутсу семинар што се одржа  викендов што измина, нашиот член Таки Гаковски успешно положи за трети кју.

Да споменеме и дека семинарот помина во одлична атмосфера, а за време на настанот се изучуваа и повторуваа техниките од Ханза Хандачи и Уширо Дори од Иккаџо, Никаџо и Санкаџо (првите три каталози).

Следниот интензивен семинар ќе се одржи на 22/23 јуни. Ве очекуваме.