Викендов што измина, во Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување на јапонски традиционални боречки вештини – Пат кон Сонцето, се одржа интензивен викенд семинар под водство на Игор Довезенски (шидоин).
Автор: koryu
Intensive weekend seminar for Daito ryu in the Hombu Dojo of „Taiyou e no Michi“
In the Hombu Dojo of the Organization for the study of traditional Japanese martial arts „Taiyou e no Michi“, the next weekend, on 12th and 13th of July, is having an intensive weekend seminar for Daito ryu Aikijujutsu. The subject of this event is the kata from the levels Ikkajo and Nikkajo.
Интензивен викенд семинар за Даито рју во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“
Во Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување на традиционални јапонски боречки вештини „Пат кон Сонцето“, следниот викенд односно на 12 и 13 јули, ќе се одржи интензивен викенд семинар за Даито рју Аикиџуџутсу. Тема на настанот ќе бидат катите од нивоата Иккаџо и Никкаџо.
„Kenjutsu under the stars of Lipac V“ seminar held
In honor of our teacher for Daito ryu Aikibudo, shihan Antonino Certa, this weekend on the Mountain Lipac we held the seminar „Kenjutsu under the stars of Lipac“, where the members of the Koryu Dojo learned the techniques of the school Ono ha Itto ryu (Takeda-den).
Одржан семинарот „Кенџутсу под ѕвездите на Липац V“
Во чест на нашиот учител за Даито рју Аикибудо, шиханот Антонино Черта, викендов на планината Липац се одржа семинарот „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“ на кој членовите на Корју Доџо ги изучуваа техниките на школата Оно ха Итто рју (Такеда-ден).
На петтиот по ред ваков настан, учество земаа 16 наши членови, а акцентот беше ставен на неколку принципи и техники, меѓу кои и сури аге и сури отоши (кири отоши). За подобро да ја доловиме атмосферата, ќе пренесеме дел од изјавите на двајца од учесниците.
Марко Опачиќ: „Тренинзите беа одлични, а дури на петтиот по ред семинар сенсеи Довезенски ни ги покажа трите принципи на школата. Убаво ги објасни, ги преведе, ни ги предаде многу сликовите и разбирливо, ни ги искомбинира, ни ги долови многу јасно, ни ги ’изџвака’, а наше беше само да вежбаме и сметам дека се покажавме во добро издание.