Одржан семинарот со шиханот Антонино Черта (05.11.2013)

Posted on Categories Почетна

Единствениот
нејапонски шихан за Даито рју Аикиџуџутсу, Антонино Черта, викендов што
измина одржа семинар за учениците на Даито рју Македонија – Корју Доџо.

Настанот беше подржан од
страна на Организацијата за изучување на јапонски борбени вештини „Пат
кон Сонцето, а на него учествуваа вкупно девет нејзини членови.

Како
и секогаш, сенсеи Черта несебично се трудеше да го пренесе своето
знаење навлегувајќи во најситните детаљи од катите на Никкаџо.
Учесниците цело време вежбаа напорно и не се штедее ниту за миг.

За
време на семинарот, шиханот Черта и официјално ја додели дипломата за
шодан и лиценцата за шибу чо на неговиот претставник за Македонија, Игор
Довезенски.

На крајот, сакаме да
изразиме голема благодарност до нашиот учител Антонино Черта и да му
посакаме одлично здравје. Следната година се гледаме повторно во
Македонија.

Одржан семинарот „Кенџутсу под ѕвездите на Липац IV“ (03.06.2013)

Posted on Categories Почетна

На падините на легендарната планина Липац, 0306201305305623r23.jpgвикендов
се одржа семинарот што секоја година го одржуваме во чест на нашиот
учител за Даито рју Аикибудо, шиханот Антонино Черта.

На
настанот учествуваа 12 членови на Школото за борбени вештини Пат кон
Сонцето, кои во текот на двата дена неуморно ги вежбаа техниките на
јапонската традиционална боречка школа Оно ха Итто рју (Такеда ден).

Во
саботата, се вежбаше шест, додека во неделата вкупно пет часа. Ако на
ова се додадат искачувањата по планината во текот на двата дена, тогаш
слободно може да се каже дека успешно ја одржуваме нашата борбена
готовност и кондиција.

За разлика од минатите години, кога
спиевме под отворено небо, оваа година преспавме во конаците на
преубавиот манастир „Свети Ѓорѓија“.
Освен напорниот тренинг и
уживањето во прекрасната и недопрена природа на Липац, неизбежно беше и
гравчето во котле кое секогаш се приготвува за саботната вечера.

По завршувањето на семинарот, домаќинот на 03062013053116rtert.jpgманастирот
ни понуди секоја година да ни ги отвора конаците за преспивање, а
таквата понуда со задоволство ја прифативме со цел на настанот да ги
привлечеме да учествуваат и нашите помлади членови кои се уште не се
навикнати да спијат под отворено небо.

На крајот сите учесници
уште веднаш го најавија своето присуство за следната година, што само
говори за квалитетниот тренинг и убавината на оваа едноставна боречка
школа која плени со својата едноставност и ефикасност.

Игор Довезенски - одговорен за развојот на Даито рју во Југоисточна Европа (Балкан)

Posted on Categories Почетна

Со одлука на мојот учител за Даито рју
Аикибудо, шиханот Антонино Черта, јас (Игор Довезенски, шидоин) сум
овластен да ја претставувам организацијата European Daito Kai во
регионот на Југоисточна Европа односно во земјите на Балканот.

Ги
повикувам сите заинтересирани лица кои сакаат да ја
01032013042627sga.jpgпреземат
одговорноста за ширењето на вештините Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха
Итто рју Кенџутсу (Такеда ден) во својата земја, да ме контактираат на мејлот: daito_macedonia@yahoo.com

Предност имаат водачите на клубовите кои се мои лични пријатели односно
негуваат пријателски односи со Буџинкан Македонија. Лицата кои се ловци
на дипломи и звања односно кои сакаат да постигнат успех преку ноќ, без
напорен тренинг, ги замолувам да не ме контактираат.

Инаку,
European Daito Kai е основана од страна на Антонино Черта, по барање на
неговиот учител Като Шигемитсу Соши, со цел да се шири учењето на Даито
рју Аикиџуџутсу низ земјите на Европа, на начин како што со векови
наназад се вежбалo во кланот Аизу.

Сенсеи Черта е единствениот
нејапонец во светот кои се здобил со титулата шихан, директно во доџо-то
Даитокан во градот Абашири. Тој најпрвин бил прифатен за ученик на
последниот соке Токимуне Такеда, а по неговата смрт, почнал да вежба со
сенсеи Като Шигемитсу.

Ова е одлична прилика да станете дел од
историјата на една од најстарите јапонски боречки вештини, која што е
позната како мајка на Аикидо-то. Бидете тој што ќе биде одговорен за
организирањето на Даито рју Аикиџуџутсу во својата земја и претставник
на European Daito Kai.

Игор Довезенски
шидоин, Даито рју Аикибудо
шидоши, Буџинкан Будо