Вчера во скопското доџо се одржа и февруарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар, со што се затвори зимската сезона на семинари во Скопје. И овој настан собра десетина членови на
Организацијата „Пат кон Сонцето“ како и на Корју Доџо-то, кое е единственото доџо за Даито рју Аикиџуџутсу во Македонија и на Балканот.
За време на вчерашниот тренинг, еден од учениците го запраша учителот Довезенски, како би можел да ја опише оваа самурајска вештина со неколку зборови. На тоа, инструкторот одговори:
-Ако Нинџутсу (за мене) преставува живот, Аикиџуџутсу е чиста радост.
Веќе од март, продолжуваат интензивните семинари во нашето Хомбу Доџо, лоцирано во долината под падините на Липац.