Одржан неделен мини-семинар во Скопје

Posted on Categories Почетна

Во организација на Корју Доџо-то на Даито рју Македонија, во неделата се одржа четири часовен мини семинар за аикиџуџутсу. На семинарот присуствуваа 10-тина членови на Организацијата „Пат кон Сонцето“ кои неуморно го впиваа знаењето за оваа благородна јапонска самурајска борбена вештина.   

Инструкторот Игор Довезенски предаваше техники од првиот каталог на првото ниво (иккаџо), но овој пат на малку поинаков начин. Имено, секоја од катите беше најпрвин предадена и вежбана во нејзината оригинална форма, за потоа истата се изведуваше со различен напад од страна на противникот. Овој начин придонесе учесниците да согледат една поинаква перспектива на вештината, а истовремено подлабоко да ја разберат суштината на самата техника. 
На крајот, беше договорено да се одржат уште неколку вакви неделни мини-семинари до крајот на годинава. 

Одржан октомврискиот интензивен Даито рју семинар

Posted on Categories Почетна

Октомврискиот интензивен Даито рју семинар повторно ги собра на едно место членовите на „Корју Доџо-то“ од Организацијата „Пат кон Сонцето“. 

Тренингот како и секогаш се одвиваше со многу засилена динамика, без нималку штедење ниту во физичка ниту во ментална смисла, што беше показател дека материјалот од нивото Иккаџо се подобро се совладува.
Во текот на вториот ден, интензивно се вежбаа катите од второто ниво (Никкаџо), а големо изненадување беше брзиот напредок на нашиот член Дарко Неделковски, кој со своето залагање брзо ги освои симпатиите на постарите ученици.
Во слободното време, инструкторот Довезенски на учениците им раскажуваше некои случки од тренингот со Сенсеи Антонино Черта во Италија, како и за некои настани кои се поврзани со овој голем човек и учител. 
По завршувањето на семинарот, на интерниот Форум на „Пат кон Сонцето“, инструкторот Довезенски го напиша следното:
„И кога ми беше најтешко и кога немав никакви услови за тренинг на Даито рју Аикиџуџутсу. И кога немав финансии и подршка од никого – НЕ СЕ ОТКАЖАВ! Не само затоа што јас НИКОГАШ не се откажувам, туку и поради еден прекрасен човек со име Антонино Черта. Мојот Учител за Даито рју Аикиџуџутсу. 
И успеав. Го создадов Корју Доџо-то. Го издигнав од пепел. Се оформи стабилна и сериозна група на ученици, која иако мала, до уши е вљубена во оваа стара и благородна боречка вештина. 
И не само тоа. Поради љубовта и почитта кон Сенсеи Черта и поради грижата на совест дека не правам доволно за НЕГО, ја внесов вештината Даито рју во редовната програма на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Вчера разбрав дека студенти од други факултети сакаат да го изберат предметот во кој се одржуваат вежби за Даито рју.
И да знаеш Сенсеи Черта, не застанувам тука. Ниту јас, ниту моите (твоите) ученици од Македонија. Ќе ја вежбаме „твојата“ вештина и ќе ја пренесуваме традицијата на твојот учител Токимуне Такеда додека сме живи!“ 

Одржан првиот интензивен семинар во новото полугодие на 2015-та

Posted on Categories Почетна

Викендов се одржа првиот интензивен семинар во новото полугодие на 2015-та година. 

За време на настанот се вежбаа катите од идори, ханза хандачи, тачи аи и уширо дори од првиот каталот на вештината (икаџо), а последната сесија односно неделната беше резервирана за неколку кати од никаџо. 
И покрај заморот што се чувствуваше поради високиот интензитет на вежбањето, како и секогаш учесниците дадоа се од себе и ниту еднаш не застанаа за време на тренингот на техниките на оваа благородна и стара самурајска боречка вештина.
Следниот семинар е закажан за 17/18 октомври. 

Јапонските класични боречки вештини во Македонија се издигнуваат на академско ниво

Posted on Categories Почетна
На 14 септември, 2015 година, на седницата на Стручниот совет на Институтот за етнологија и антропологија, членовите на колегиумот едногласно го одобрија предлог-проектот на Игор Довезенски за отворање на „Лабораторија за Источни Култури“ во рамките на Институцијата, со што за прв пат во Македонија класичните јапонски боречки вештини се издигнуваат на академско ниво. 
Со тоа, студентите кои студираат на ИЕА, во рамките на предметите „Етнологија на Азија“ и „Етнологија на Јапонија“ задолжително ќе посетуваат настава при што за време на вежбите ќе ја изучуваат теоријата, но и техниките на вештините кои што се предаваат во Организацијата „Пат кон Сонцето“. 
Инструкторот Игор Довезенски, ја користи оваа прилика да ја изрази својата огромна благодарност кон Раководителот на Институтот за етнологија и антропологија, д-р Љупчо Ристески, како и кон сите останати колеги за безрезервната подршка во остварувањето на идејата. 
Истовремено ги информираме сите средношколци во Република Македонија кои се интересираат за источните култури, но и сите љубителите на културата и традицијата на „Земјата на Изгрејсонцето“, дека со запишувањето и студирањето на Институтот за етнологија и антропологија, ќе имаат можност да се стекнат со знаења од областа на материјалната, социјалната и духовната култура на Јапонија. 

Одржан последниот Даито рју семинар во првото полугодие на 2015-та

Posted on Categories Почетна

Со мало задоцнување, поради обврските околу подготовките на Летниот Корју Камп, го објавуваме извештајот за последниот Даито рју семинар во првото полугодие на 2015-та. 

За време на настанот, инструкторот Игор Довезенски обрна посебно внимание на катите Уширо Дори (зафати од зад грб), од првиот каталог (Иккаџо) на Даито рју Аикиџуџутсу. 
Во текот на вториот ден, инструкторот ги предаваше катите од Никкаџо, со акцент на Идори и Тачи Аи. 
На крајот од семинарот, учесниците изјавија дека со нетрпение го чекат септември, кога повторно ќе се започне со редовните семинари во Хомбу Доџо-то на Пат кон Сонцето, а секако во организација на Даито рју Македонија – Корју Доџо.