Новата сезона во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“ почна со семинар за Даито рју Аикиџуџутсу. Настанот се одржа во саботата, а на него учествуваа осуммина членови.
Учителот Довезенски како за почеток ги одбра катите од третиот каталог познат под името Санкаџо. Инаку ова ниво е познато по својата комплексност, меѓутоа сите учесници многу добро се адаптираа и се покажаа за време на тренингот.
Во текот на денот, слободното време целосно се посвети на изградба на патеките со камчиња кои минуваат низ јапонската зен градина, која се наоѓа во дворот на нашето Хомбу Доџо.