Организацијата за изучување на јапонските класични боречки вештини „Пат кон Сонцето“, новата година ќе ја започне со семинар за Даито рју Аикиџуџутсу.
Оваа стара и благородна вештина, денес е една од најпочитуваните борбени школи во Јапонија. Во Македонија, но и на целата територија на Југоисточна Европа, Даито рју можете да вежбате единствено во доџо-то на Пат кон Сонцето (Корју Доџо).