Одржан и февруарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Вчера во скопското доџо се одржа и февруарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар, со што се затвори зимската сезона на семинари во Скопје. И овој настан собра десетина членови на

Организацијата „Пат кон Сонцето“ како и на Корју Доџо-то, кое е единственото доџо за Даито рју Аикиџуџутсу во Македонија и на Балканот.

За време на вчерашниот тренинг, еден од учениците го запраша учителот Довезенски, како би можел да ја опише оваа самурајска вештина со неколку зборови. На тоа, инструкторот одговори:
-Ако Нинџутсу (за мене) преставува живот, Аикиџуџутсу е чиста радост.

Веќе од март, продолжуваат интензивните семинари во нашето Хомбу Доџо, лоцирано во долината под падините на Липац.

Одржан јануарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Уште еден Аикиџуџутсу семинар кој помина во убава семејна атмосфера е зад нас, а ние секако сме побогати со нови знаења и искуства потребни за усовршување на оваа преубава самурајска борбена традиција.

Повторно место извештај за настанот, се одлучивме да пренесеме дел од чувствата на една од учесничките која ги „истури“ на нашиот интерен Форум.

„Бидејќи поради здраствени причини не бев во можност да учествувам на минатиот дводневен семинар посветен на оваа божествена вештина, си дадов за задача никако да не го пропуштам јануарското издание. А секој Даито рју семинар, си носи по нешто ново и нешто карактеристично. Најпрвин да кажам дека ме израдува присуството на Драгана и на Баки. Потоа бев пресреќна поради одличниот избор на техниките кои Сенсеи вчера ги предаваше, а потоа бидејќи за прв пат имав можност да видам и да вежбам техники од четвртиот каталот (Јонкаџо). Со неверојатната посветеност на Сенсеи и со помошта на постарите Самураи (Марко и Таки) успешно го завршивме и овој семинар. На крајот Баки тивко изусти: ’Ова не е за секого’.
Иако немам големо Корју искуство, сепак можам слободно да кажам дека боречките уметности не се за ’обични смртници’. Потребно е многу повеќе за да го најдеш местото под тоа небо, да го препознаеш Патот и да почнеш да си ја испишуваш својата боречка приказна“ – Елеонора Опачиќ

Одржан последниот Аикиџуџутсу семинар за 2018-та

Posted on Categories Почетна

Скромно и со помала бројка од вообичајната, се одржа и последниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар за 2018-та година.

Во саботата, инструкторот Игор Довезенски предаваше кати од вториот (Никаџо), додека во неделата од првиот каталог (Иккаџо) на Хиден Мокуроку.

Во следната година ветуваме уште посилни тренинзи и уште поголема посветеност кон оваа стара самурајска традиција.

Ви посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници.

Во Скопје одржан ноемврискиот Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Во скопското доџо на „Даито рју Македонија“ се одржа ноемврискиот Аикиџуџутсу семинар. На настанот учествуваа десетина членови на Организацијата „Пат кон Сонцето“, како и еден учесник од Русија, со што семинарот доби меѓународен карактер.

Во текот на двата дена (сабота и недела), инструкторот Игор Довезенски подучуваше кати од првите три нивоа на вештината (иккаџо, никаџо и санкаџо), а динамиката како и секогаш беше пеколна.

Следниот Даито рју семинар ќе се одржи во декември. Следете не.

Затворена овогодинешната сезона на интензивни тренинзи во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Со интензивнивниот Даито рју Аикиџуџутсу тренинг што се одржа минатиот викенд, се затвори овогодинешната сезона на активности во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

На настанот учествуваа околу десетина членови на Организацијата, а имавме и гостин-учесник, инаку практичар на таканареченото Реално Аикидо.

Зимскиот период, интензивните тренинзи се селат во доџото на Буџинкан Македонија во Скопје, а сите заинтересирани можат слободно да го пријават своето учество.