Семинар со шиханот Антонино Черта

Posted on Categories Почетна

Нашиот учител за Даито рју Аикибудо, шиханот Антонино Черта, на 18-19 април (2015) ќе одржи семинар во Македонија. Семинарот ќе биде отворен за сите практичари на јапонските боречки вештини, без разлика на стилот или на звањето. 

Како што е веќе познато, сенсеи Черта е учител на инструкторот Игор Довезенски, кој, пак, е претставник во нашата земја на интернационалната организација ДаитоКаи. Шиханот Черта секоја година доаѓа во Македонија, со цел да пренесе дел од неговото знаење за оваа древна и благородна самурајска вештина и тоа на ист начин, како што тој ја изучувал од неговиот учител Токимуне Такеда во легендарното доџо ДаитоКан во Абашири (Јапонија). 
Сите заинтересирани за учество на настанот, можат да го контактираат Игор Довезенски (шидоин), преку елетронската адреса: daito_macedonia@yahoo.com
Тема: Санкаџо 
Учител: Антонино Черта Шихан
Време: 18/19 април, 2015 (сабота и недела  од 11:00 – 13:00 / 16:00 – 18:00)
Место: Пат кон Сонцето (Хомбу Доџо)
Повеќе информации за Даито рју Аикиџуџутсу ——> тука   

Успешно заврши Зимскиот интензивен семинар за Даито рју

Posted on Categories Почетна

Со полагањето за повисоки ученички степени, што во неделата се одржа во Даито рју Македонија – Корју Доџо, успешно заврши зимскиот интензивен семинар кој траеше вкупно шест недели. 

Во текот на целиот настан, учесниците имаа можност да ги вежбаат основите на Атеми Ваза, како и сите кати од првиот каталог, познат под името иккаџо. 
Како што веќе споменавме, на крајот четворица од учениците успешно положија за повисок степен односно Зоран Т. и Драгана Л. за шести, додека Тодор А. и Моника Ш. за петти кју. 
За следната година посакуваме уште поголем напредок во Даито рју Аикиџуџутсу, како и уште поголема посветеност кон оваа прекрасна и благородна самурајска вештина. 

Зимски интензивен семинар за Даито рју Аикиџуџутсу

Posted on Categories Почетна

„Даито рју Македонија – Корју Доџо“, организира зимски интензивен семинар за Даито рју Аикиџуџутсу во траење од 24 часа, што ќе се одржи во текот на месеците ноември и декември. На семинарот можат да учествуваат сите членови на Организацијата за изучување на традиционални јапонски боречки вештини „Пат кон Сонцето“, но и сите останати заинтересирани граѓани, без разлика на нивното претходно искуство или стил. 

За време на настанот, учесниците ќе ги вежбаат основните техники на оваа стара и благородна јапонска вештина, како и катите од нивото иккаџо (првиот каталог). Тренингот ќе се одвива според методологијата на нашиот учител, шиханот Антонино Черта, а на начин како што тој ја изучувал вештината за време на неговите престои во Даитокан (Абашири, Јапонија). 

Семинарот ќе започне на 23 ноември и ќе се одржува секоја недела од 11:00 до 15:00 часот. Учесниците кои ќе присуствуваат на сите пет тренинзи (вкупно 20 часа), на крајот ќе можат да полагаат за шести или за петти кју, во зависност од степенот што во моментот го поседуваат. Сите кои успешно ќе положат, ќе добијат диплома потпишана лично од Претседателот на меѓународната Даито рју асоцијација – Антонино Черта.  
Тема: Аикитаисо (Кихон) и Иккаџо

Учител: Игор Довезенски, шидоин

Време: 23/30 ноември и 7/14/21 декември (односно пет последователни недели од 11:00 до 15:00 часот). На 28 декември, учениците кои имаат желба, ќе добијат бесплатен слободен термин од четири саати, со цел да ги повторат катите потребни за полагањето кое ќе се одржи истиот ден со почеток во 17.00 часот. 

Место: Даито рју Македонија – Корју Доџо (Скопје)

Повеќе информации за Даито рју Аикиџуџутсу ——>https://daito.koryu.mk/article/category/daito

Ве молиме доколку имате било какви прашања поврзани со интензивниот семинар, да се јавите на нашиот телефон 077 976 906 или да ни пишете на нашиот и-мејл: daito_macedonia@yahoo.com 

Одржан интензивниот Даито рју семинар

Posted on Categories Почетна

Викендов што измина, во Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување на јапонски традиционални боречки вештини – Пат кон Сонцето, се одржа интензивен викенд семинар под водство на Игор Довезенски (шидоин). 

На семинарот се вежбаа катите од првиот сет на Хиден Мокуроку (иккаџо), како и стоечките техники (тачи аи) од вториот сет познат како Никкаџо. На настанот учество земаа неколку членови од Даито рју Македонија – Корју Доџо, кои под водство на инструкторот Довезенски без престан ги увежбуваа техниките на оваа древна јапонска самурајска школа.
Во октомври, нашиот учител, шиханот Антонино Черта, повторно ќе не посети и ќе ни ги предаде катите од третото ниво односно Санкаџо, така што овој семинар послужи како мала подготовка пред големиот настан што наскоро ќе се одржи. 

Интензивен викенд семинар за Даито рју во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“

Posted on Categories Почетна

Во Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување на традиционални јапонски боречки вештини „Пат кон Сонцето“, следниот викенд односно на 12 и 13 јули, ќе се одржи интензивен викенд семинар за Даито рју Аикиџуџутсу. Тема на настанот ќе бидат катите од нивоата Иккаџо и Никкаџо.

Семинарот ќе се одржи под водство на инструкторот Игор Довезенски, единствениот носител на титулата шидоин за Даито рју Аикибудо на балканскиот полуостров, а на истиот можат да присуствуваат сите заинтересирани лица за оваа древна јапонска боречка вештина. 
Доколку имате некакви прашања, слободно обратете со преку нашето поштенско сандаче.