Довезенски и Опачиќ на семинар со шиханот Черта во Рим

Posted on Categories Почетна

Инструкторот на Даито рју Македонија – Корју Доџо, Игор Довезенски, во придружба на својот заменик Марко Опачиќ, земаа учество на меѓународниот семинар за Аикиџуџутсу што се одржа во италијанскиот главен град – Рим.

На настанот учествуваа околу 30 души, главно од доџоата на земјата домаќин, а покрај македонските кобудо-ки, присутен беше уште претставникот од Чешката Република.

На семинарот за прв пат беа претставени и техниките од прастарата јапонска боречка вештина Сумо, кои одиграле голема улога при создавањето на традиционалите школи, меѓу кои и во оформувањето на Даито рју Аикиџуџутсу. Токму затоа, шиханот Антонино Черта одлучи дека членовите на организацијата ДаитоКаи треба да го истражуваат и Сумо-то, за да можат подобро да ги запознаат традиционалните вештини (Корју Буџутсу).

Инаку, тема на настанот беа катите од четвртиот каталог (Јонкаџо), што всушност беше од неверојатна корист за членовите на нашето доџо, особено поради фактот што во Даито рју Македонија досега се изучувале техниките од првите три каталози (Иккаџо, Никкаџо и Санкаџо).

За време на саботната вечера, шиханот Черта на инструкторот Довезенски му подари деншо со техниките од Сумо, а беше разговарано и за следните семинари во Македонија и во Италија, на кои треба да се продолжи со усовршувањето на македонските инструктори.

Одржан мајскиот редовен интензивен Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Дел од членовите на Даито рју Македонија – Корју Доџо, во Хомбу-то на „Пат кон Сонцето“, викендов го одржаа редовниот мајски Аикиџуџутсу интензивен семинар.

За време на настанот, учесниците под водство на учителот Игор Довезенски успеава да ги повторат сите 60 кати од првиот и од вториот каталог (Иккаџо/Никкаџо) на Хиден Мокуроку.

Иако напорни, сепак тренинзите на оваа традиционална јапонска самурајска вештина претставуваат вистинско задоволство бидејќи нудат една одлична песпектива за секој страствен корју вежбач.

Во слободното време не изостана ниту одличното дружење меѓу членовите, во дворот на Хомбу-то, кој во овој период од годината навистина изгледа величенствено. За атмосферата да биде уште подобра, се погрижија и превкусните јаготки кои во изобилие растат околу зградата која нуди уовршување и просветлување во секој поглед.

Одржан мартовскиот редовен интензивен Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Во одлична атмосфера исполнета со многу силен тренинг и прекрасно дружење, заврши и мартовскиот семинар за Даито рју Аикиџуџутсу.

За време на настанот, инструкторот Довезенски ги предаваше катите од првиот и од вториот каталог: Иккаџо / Никаџо.

Некои од техниките беа предадени до најситни детаљи, при што беше објаснувано и за околностите и причините за нивното настанување. Неколку кати беа демонстрирани со користење на кодачи (краток меч), а со цел учесниците подобро да ги разберат истите.

Следниот интензивен семинар за Даито рју Аикиџуџутсу веќе е договорен за во април, така што можете уште отсега да го заокружите во календарот.

 

Одржан февруарскиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Последниот семинар за Даито рју Аикиџуџутсу во Скопје за првото полугодие се одржа во неделата во доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“.
На семинарот присуствуваа десетина членови кои за четири саати успеава да ги повторат сите кати од Идори и од Тачи Аи од вториот каталог (Никаџо).

Освен одличната атмосфера што владееше постојано додека траеше настанот, треба да се спомене и неверојатната посветеност кон вештината која што на дело беше демонстрирана од страна на учесниците.

На крајот, инструкторот Довезенски им соопшти на членовите на Корју Доџо дека од март повторно се отвораат вратите на Хомбу Доџо-то во долината под планината Липац и дека следниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар таму ќе биде организиран.

Одржан првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во 2017-та

Posted on Categories Почетна

Во скопското доџо-то на Буџинкан Македонија, вчера инструкторот Игор Довезенски го одржа првиот семинар за Даито рју Аикиџуџутсу во 2017-та година. 

За време на настанот, Довезенски ги предаваше техниките од Ханза Хандачи и од Уширо Дори, од вториот каталог – Никаџо. 

Веднаш по завршувањето на семинарот, еден од учесниците ги сподели своите импресии на интерниот Форум на доџо-то:

„Во изминатиов период заинтересираноста за настаните поврзани со Даито рју Аикиџуџутсу почна се повеќе да расте. Последните неколку семинари ми оставија огромен впечаток и ќе ги паметам како едни од подобрите.
Пред почетокот на вчерашниот настан, кога видов дека дојдовме само шесторица, си помислив дека ова ќе биде само уште еден тренинг на кој ќе ги повториме техниките што претходно сме ги вежбале и ќе ги исправиме грешките кои ги имаме при изведување на техниките.
Меѓутоа набргу се уверив дека грешам. На семинарот Сенсеи предаваше толку многу нови работи, а истовремено се навлезе и во длабока анализа на самите кати. Даито рју секој пат ме изненадува се повеќе и повеќе. Целиот семинар изгледаше како ’приватен тренинг’. Ќе бидам малку груб, ама сакам да ви кажам дека треба да им биде криво на сите кои не дојдоа на настанот – а сакаа. Не сум сигурен кога Сенсеи повторно ќе предава следен пат на ова ниво. Јас сум сеуште под импресии и сега едвај го чекам следниот семинар“ – Тодор Ангеловски