Одржан „Кенџутсу под ѕвездите на Липац XI“

Posted on Categories Почетна

Единаесет години по ред на мистичната планина Липац секој јуни одекнуваат извиците на Воините на „Пат кон Сонцето“, кои во текот на два дена неуморно ја вежбаат древната самурајска мечувалска вештина Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда-ден).
А како и секогаш, атмосферата за време на семинарот е величенствена, пријатна, свечена и семејна.

По истиот распоред што се следи секоја година, учителот Игор Довезенски, несебично го споделуваше своето знаење за вештината со меч, која некогаш била обврзувачка за младите наследници на шогунатот Токугава.

Тоа по што овој семинар се разликуваше од изминатите е големиот број на почетници кои успешно ги заменија ветераните кои од оправдани причини не беа во можност да учествуваат.

Да не должиме многу, да напоменеме само дека сите учесници се покажаа одлично, а особено во однос на воинскиот дух кој е потребен за да се биде член на Организацијата „Пат кон Сонцето.
Особено би го пофалиле најмалиот учесник Петар Довезенски, кој со тукушто наполнети десет години, два дена неуморно вежбаше и маршираше под жешкото сонце на падините на Липац, пробивајќи се низ стрмните карпи и бодликави грмушки.

Одржан февруарскиот Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Вториот, а воедно и последниот Аикиџуџутсу семинар во Скопје за првото полугодие на 2020-та, се одржа во неделата во просториите на Даито рју Македонија – Корју Доџо.

Учесниците на настанот ги повторија сите кати од првиот каталог (Иккаџо), во една прекрасна и крајно позитивна атмосфера.

Веќе од март, тренинзите за оваа благородна самурајска школа се селат во Хомбу Доџо-ти на „Пат кон Сонцето“ во долината на Липац.

Одржан првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во 2020 година

Posted on Categories Почетна

Во неделата во скопското доџо на Даито рју Македонија се одржа првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во 2020 година.

Овој пат, покрај редовните учесници на тренинзите, учество земаа и двајца практиканти на други боречки вештини, кои сакаа да се уверат во ефикасноста на оваа благородна и древна самурајска вештина.

Во февруари закажан е последниот Даито рју Аикиџуџутсу интензивен семинар во Скопје, по што настаните поврзани со оваа вештина ќе се преселат во Хомбу Доџо-то во долината на Липац.

Одржан последниот Аикиџуџутсу семинар за 2019-та година

Posted on Categories Почетна

Вчера го одржавме и последниот Даито рју Аикиџуџутсу семинар за 2019-та и со тоа успешно ја завршивме и оваа година.

Од јануари, па се до декември, со исклучок на август кога се одржува нашиот „Летен Камп“, во текот на целата година не пропуштивме ниту еден месец без да одржиме интензивен семинар за оваа вештина.

Се надеваме дека следната ќе биде уште поуспешна и дека ќе оствариме нови победи и ќе одговориме на новите предизвици.

Ви посакуваме среќна 2020-та!!!

Одржан ноемврискиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Со завршувањето на летната сезона и затворањето на Хомбу Доџо-то на организацијата „Пат кон Сонцето“, регуларните месечни Даито рју Аикиџуџутсу семинари се селат во скопското доџо.

Во неделата што измина, инструкторот Игор Довезенски го одржа ноемврискиот Аикиџуџутсу семинар на кој се вежбаа техниките од првиот каталог – Иккаџо.

Во наредните недели очекувајте го известувањето за точниот датум на декемврискиот семинар, а дотогаш прочитајте и дознајте нешто повеќе за оваа благородна и стара самурајска вештина.