Еднодневен семинар на тема Иккаџо

Posted on Categories Почетна

Во скопското Доџо на Даито рју Македонија, вчера се одржа Аикиџуџутсу семинар на тема Иккаџо.

Според планот, во текот на зимата, треба да се одржат неколку вакви настани, на кои ќе се покријат техниките од првите четири каталози.

На следниот семинар ќе се обработува темата Никаџо, а доколку сте заинтересирани, го очекуваме Вашето присуство.

Одржан „Кенџутсу под ѕвездите на Липац XII“

Posted on Categories Почетна

Скромно и во намален состав, викендов се одржа дванаесетото издание на традиционалниот семинар „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“.

Истовремено, поради неочекувани проблеми што се појавија буквално неколку саати пред почетокот, учителот Игор Довезенски мораше да ја смени и локацијата на настанот. Така, место во дворот на Бељаковскиот Манастир, семинарот се одржа во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

Учителот Довезенски на учесниците им ја пренесуваше школата Оно ха Итто рју Такеда-ден, онака како што тој ја учел од својот учител Антонино Черта, за време на својата прва посета на неговото доџо во Милано.
За време на настанот, успешно беа повторени речиси сите основни техники од курикулумот на вештината, а некои од учесниците покажаа многу солидни резултати и напредок.

 

Одржан „Кенџутсу под ѕвездите на Липац XI“

Posted on Categories Почетна

Единаесет години по ред на мистичната планина Липац секој јуни одекнуваат извиците на Воините на „Пат кон Сонцето“, кои во текот на два дена неуморно ја вежбаат древната самурајска мечувалска вештина Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда-ден).
А како и секогаш, атмосферата за време на семинарот е величенствена, пријатна, свечена и семејна.

По истиот распоред што се следи секоја година, учителот Игор Довезенски, несебично го споделуваше своето знаење за вештината со меч, која некогаш била обврзувачка за младите наследници на шогунатот Токугава.

Тоа по што овој семинар се разликуваше од изминатите е големиот број на почетници кои успешно ги заменија ветераните кои од оправдани причини не беа во можност да учествуваат.

Да не должиме многу, да напоменеме само дека сите учесници се покажаа одлично, а особено во однос на воинскиот дух кој е потребен за да се биде член на Организацијата „Пат кон Сонцето.
Особено би го пофалиле најмалиот учесник Петар Довезенски, кој со тукушто наполнети десет години, два дена неуморно вежбаше и маршираше под жешкото сонце на падините на Липац, пробивајќи се низ стрмните карпи и бодликави грмушки.

Одржан февруарскиот Аикиџуџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Вториот, а воедно и последниот Аикиџуџутсу семинар во Скопје за првото полугодие на 2020-та, се одржа во неделата во просториите на Даито рју Македонија – Корју Доџо.

Учесниците на настанот ги повторија сите кати од првиот каталог (Иккаџо), во една прекрасна и крајно позитивна атмосфера.

Веќе од март, тренинзите за оваа благородна самурајска школа се селат во Хомбу Доџо-ти на „Пат кон Сонцето“ во долината на Липац.

Одржан првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во 2020 година

Posted on Categories Почетна

Во неделата во скопското доџо на Даито рју Македонија се одржа првиот Даито рју Аикиџуџутсу семинар во 2020 година.

Овој пат, покрај редовните учесници на тренинзите, учество земаа и двајца практиканти на други боречки вештини, кои сакаа да се уверат во ефикасноста на оваа благородна и древна самурајска вештина.

Во февруари закажан е последниот Даито рју Аикиџуџутсу интензивен семинар во Скопје, по што настаните поврзани со оваа вештина ќе се преселат во Хомбу Доџо-то во долината на Липац.